Бразилката Џејди Дуарте (20), која стана славна преку ноќ, откако нејзините слики во која е заедно в кревет Усеин Болт, за лондонски Daily Mail, открива како завршила со славниот атлетичар.
Дуарте, која е сопруга на убиен нарко бос со кого има две деца, рекла дека го Болт го запознала во еден ноќен клуб во Рио де Жанеиро. Обезбедувањето на Болт ја повикало да дојде кај него во ВИП делот, а иако таа тврдеше дека не знаеле кој е тој, за Daily Mail рекла дека веднаш го препознала, бидејќи нејзината мајка редовно ги гледала неговите трки.
-Зошто не одиш со него, па тој е Усеин Болт, ми рекоа луѓето од обезбедувањето. На крајот двајцата чекавме такси, тој ми се насмевна и ја направи позата со која ги прославува победите. Тогаш решив да му се препуштам. Влеговме во таксито и тој ме бакна, рекла Дуарте.
Таа очекувала дека ќе одат в хотел, но Болт ја одвел во олимпиското село, откако успеал да го избегне обезбедувањето во селото, каде никој не смеел да влезе по 21 часот.
Бразилката открила дека комуницирале преку апликацијата на Google за преведување.
-Влеговме во собата, која беше уредна, но креветите беа мали. Ја пушти песната на Ријана Work, мислам дека тоа сака да го слуша за време на сексот. Тој има тело на шампион, но неговите интимни делови се просечни. Очекував дека се брзо ќе заврши, но не беше така. Никогаш не сум имала побавен секс. Траеше околу 40 минути, потоа неколку минути се одморивме, а потоа повторно имавме секс. Откако завршивме се сликавме и слушавме музика, се до девет часот наутро, потоа ми даде 100 евра за такси, раскажа Дуарте.
Дуарте рекла дека не и го оставил телефонскиот број, но ветил дека повторно ќе ја побара на 7.септември кога во Рио де Жанеиро ќе започнат параолимписките игри.
Џејди потоа сликите ги поделила на Whatsapp, кои стигнале до еден бразилски таблоид кој веднаш ги објавил.
Болт не се појави на церемонијата со која беа затворени ОИ, туку заминал за Лондон, каде беше „уловен“ од папараците како заминува в хотел со две девојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.