| четврток, 6 декември 2018 |

Свечено отворено 55. издание на „Струшките вечери на поезијата“

Струшките вечери на поезијата се голем триумф на македонската култура и традиција. На еден благороден начин го збогатуваат европскиот и светскиот културен простор, ги афирмирааат поетските вредности на сите светски јазици и го глорифицираат универзалниот сон на човештвото кој вели дека поезијата ќе го спаси Светот, истакна вечерва министерката за култура Елизабета Канческа­Милевска на отворањето на 55. јубилејно фестивалско издание.

4

Фестивалот почна со традиционалното читање на Константиновата Т’га за југ и палење на фестивалскиот оган пред Домот на поезијата, а по официјалното отворање продолжи со Меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

7

Педесет и петото издание на фестивалот, според министерката Канческа­Милевска, на најдобар начин го потврдуваат искрениот придонес на нашата држава во заемното запознавање и почитување на културите и градењето нова димензија на пријателството меѓу народите во светот. ­

3

-Веќе 55 години, поетската Струга е дом на најголемите бардови на светската поезија, кои низ своите автентични поетики, изградија мостови меѓу поезисот на цивилизациите, мостови меѓу сегашноста и иднината. Со својот поетско уметнички чин, поетите од сите светски меридијани, искрено и трајно се вградија во реномето на оваа меѓународна манифестација која стана исклучителен книжевен симбол за секој од нив, истакна Канческа­Милевска.

6

Престижниот „Златен венец“ на поезијата, додаде, беше, и денеска е императив за секој поет бидејќи го потврдува неговото место меѓу најголемите светски поетски пера. ­ Токму затоа ми претставува посебно задоволство што на најголемите поетски имиња од 20 и 21 век, оваа година им се приклучува и планетарно познатата канадска поетеса, литературна критичарка, есеистка и активистка за заштита на животната средина, Маргарет Атвуд.

8

-Делата на оваа авторка, нејзината страствена и сугестивна поезија е автентична и исклучително богата и во оваа смисла, слободно можеме да забележиме дека Атвуд е исклучителна појава во светската поетска историја, поетски глас на една генерација на автори кои длабоко ја допреа личната и емоционалната историја на луѓето, рече Канческа­Милевска.

IMG_0401 [SVP16]

Изминатите 55 години Струшките вечери на поезијата, според директорот на манифестацијата Мите Стефоски, го славеа создавањето на повеќе од стотина јазици, на повеќе од петте илјади поети кои настапија овде во Струга. ­

-Оваа година 32 исклучителни поетски творци од 30 земји, и околу дваесетина од Македонија ќе имаат можност да го презентираат своето творештво на Фестивалот. Уверени сме дека она што ќе го понуди овогодишната програма ќе биде атрактивно и провокативно за фестивалската публика. Од друга страна, низ преводот на нивното творештво објавено во нашата издавачка продукција, во македонската книжевност ќе останат трајни траги од ова издание на Фестивалот, истакна Стефоски.

Подвлече дека ќе останат посветени на трајната определба дека Фестивалот треба постојано да се менува и развива, да се прилагодува и да се сообразува со се што го чини или ќе го чини современото живеење, еднакво како што се менува животот, медиумите, начинот на кој комуницираме.

Годинашниот лауреат Атвуд која не присуствуваше на официјалното отворање преку видео порака се заблагодари за наградата. Изрази жалење што неможе да присуствува, но рече дека духовно е со нас. Добитничката на Златниот венец се заблагодари што нејзината поезија е преведена на македонски јазик. Престижната награда „Златен венец“ на Марагрет Атвуд ќе и биде врачена в недела на традиционалното поетско читање „Мостови“.

IMG_0416 [SVP16]

Триесет и двајца поети од 30 земји ќе учествуваат на 55. јубилејно издание на Струшките вечери на поезијата што од денеска до 28 август се одржува во Струга. Поетски читања ќе има и во Ресен, Битола, Охрид, а ќе заврши во понеделник со поетско Матине на Матка и Меѓународен поетски митинг на Камениот мост во Скопје. На традиционалната манифестација „Мостови“  ќе биде врачено признанието „Златен венец“ на годинашниот лауреат канадската поетеса, книжевна критичарка, романсиерка, есеистка Маргарет Атвуд.

IMG_0422 [SVP16]

-Сруга во наредните неколку дена е во центарот на светското поетско влијание. Годинава е јубилејно 55 издание, 55 години ние го правиме фестивалот на кој учествувале околу 5.000 поети, кои своите поетски пораки ги испратиле од ова мало место, кое во овие денови станува една планетарна точка во културата, поезијата, хуманоста…  На фестивалот присуствуваат поети од сите континенти, вели претседателот на Управниот одбор на Фестивалот, Славе Ѓорго Димоски.

IMG_0426 [SVP16]

Задачата на Струшките вечери на поезијата, како што истакна директорот на фестивалот Мите Стефоски, е придобивање нова публика, не само во рамките на фестивалот, туку и во целокупното живеење.

-Имаме една нова генерација читатели кои нависитна ќе може да уживаат во она што Струшките вечери како издавачка дејност го имаат и го пренесуваат како врвни дострели од светската книжевност во превод на македонски.  Но истовремено и превод на македонската поезија на други јазици. Струшките вечери на поезијата треба да ја имаат меѓународната улиога како креатори на културните политики во областа на поезијата. Тоа не е некоја претенциозна изјава бидејќи местотот во светската книжевна јавност го има не само заради тоа што е најстар поетски фестивал, туку и дека е еден од најзначајните што извршиле влијание токму во тие времиња кога била отежната комуникацијата меѓу истекот и западот кога токму Струга била седиште за градење на тие мостови на луѓето, кога луѓето од зад железната завеса од истокот и западот единствено тука во поетска Струга можеле да се сретнат и да го презнетираат своето творештво, истакна Стефоски.

IMG_0443 [SVP16]

Модерното време, додаде тој, наметнува и нови барања, па затоа ние се обидуваме да го направиме сега во 21 век, да направиме фестивалот да биде поатрактивен, да работиме за вистинска деметрополизација на културата во согласност со глобалните настојувања.

IMG_0447 [SVP16]

-Промовиравме еден концепт содржините да бидат поатрактивни и да овозможат подетален увид во претставувањето на поетите, кои сме ги поканиле да имаат можност пообемно да го претстават, но и да внесеме содржини кои ќе бидат атрактивни за публиката. Затоа ја воведовме содржината „Поетско кафе“. Надрагдени се и проектите од претходните години, како „Кругови“ , во која се чита поезија на истекот на реката Црн Дрим, додава директорот на СВП Мите Стефоски.

IMG_0453 [SVP16]

-Во однос на програмската содржина за застапеноста на македонската поезија, која  е значајна за фестивалот, кој е создаден со задача да ги негува вредностите напишани на македонски јазик и да бидат презентирани во светот, од минатата година внесовме нова содржина кога потесниот избор од наградата „Браќа Миладиновци“ се претставува во пресрет на соопштувањето на наградата, истакна Стефоски.

IMG_0474 [SVP16]

По повод јубилејот 55 години СВП,  „Вечерта посветена на современата македонска поезија“ ќе биде посветена на сите досегашни добитници на наградата „Браќа Миладиновци“.

IMG_0494 [SVP16]

IMG_0535 [SVP16]

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top