Еден ден претходно некои портали и медиуми во земјава најавуваат кои лица следниот ден ќе бидат на распит во СЈО. Предистражните и истражните постапки во целиот свет, како и во Македонија, се тајни, освен за новинарските миленици на СЈО, кои дознаваат точно кога и во кое време некој ќе биде повикан во ова обвинителство.
Изминатиов период бевме сведоци дека само опозициски новинари беа пред вратите на СЈО знаејќи точно кога и кој ќе излезе од вратите на оваа институција. Се поставува прашањето од каде им се информациите за тоа кој и во кое време е повикан во СЈО, со оглед на тоа што овие информации се строго доверливи.
На 18.08 2016 година, Гордана Дувњак со својот текст во Утрински напиша:
– Неделава по вторпат за два различни предмети (Скопје 2014 и демолирањето на Оштина Центар) дојде градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски. Во придружба на адвокатот Никола Додевски, пред два дена се појави ексминистерката Гордана Јанкуловска, а пред неа, и шефот на кабинет на поранешниот прв човек на УБК, Тони Јакимовски. Вчера требаше да се појават ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, генералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски, поранешната градоначалничка на Центар,Виолета Аларова. Во почетокот на наредната недела, како што дознаваме, се очекува да се одзват на поканите и поранешната пратеничка и актуелен член на ДИК, Силвана Бонева, пратеникот од ПЦЕР, Самка Ибраимовски, лидерот на ДПА, Мендух Тачи.“
Останува непознато од каде Дувњак знае кој бил и кој ќе биде следен на распит во СЈО и кој е изворот на оваа информација.
За да биде иронијата уште поголема, вчера Катица Јанева во изјава за 24 вести само потврди дека целиот политички спектакл и политички линч се незаконски:
– Во интерес на истрагите, тајна ќе остане кои функционери во кои денови и за кои предмети ќе се појават на распит во СЈО, но тоа и натаму ќе се одвива со зголемена фреквентност, потврдуваат од обвинителството на Катица Јанева за 24 Вести.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.