Деветтиот милионер во Македонија, кој го заработи својот милион играјќи Милионер џекпот на Државна видеолотарија на Македонија е скопјанецот Демири, татко на три деца.
Забавувајќи се на видеолотариските терминали на ДВЛМ, Демири освои добивка од 1.376.494 денари. Иако често се забавува на овој начин, првпат остварува олкава добивка.
Чекот испишан на 1.376.494 денари му го врачија претставници на Државната лотарија на Македонија и летечкиот Македонец Игор Стефановски Иџе.
Демири е третиот милионер, среќен добитник на Милионер џекпот, а вкупно деветти од започнувањето на џекпот добивките. Овој месец, освен Демири, на милионите од Милионер џекпот им се радуваа и Арсим Ј. од Куманово, кој освои 1.326.616 денари и Љупчо Наќевски од Скопје, кој освои 1.367.200 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.