| четврток, 6 декември 2018 |

Падна седумка на НовоЛото 7/34 – Во Неготино со уплата од 160, освоени 6 милиони денари

Во 69-тото коло од играта НовоЛото 7/34 чие извлекување се одржа во среда на 30-ти август 2017, постигната беше добивка 7-ка со вредност од шест милиони (6.000.000,00) денари. Уплатата е реализирана во Неготино во среќното место Корзо.

Уплатен е полн систем од осум броеви, т.е. осум комбинации од по 20 денари со што вкупната уплата на играчот изнесува 160 денари. Покрај седумката вредна 6 000 000 денари, системот носи добивка и од седум шестки во вредност од 123 235 денари, па така вкупната вредност на добивката изнесува 6 123 235 денари. Среќните броеви извлечени во ова 69-то коло се: 4, 5, 15, 20, 24, 25, 32 и дополнителниот бројот 9.

Уплатата е реализирана на 30-ти август, на денот на извлекувањето, а ова е токму 17-тата седумка од почетокот на приредување на играта на среќа НовоЛото 7/34.

Среќното место Корзо во Неготино по прв пат во историјата на оваа игра на среќа е уплатно место на постигната 7ка. До сега градови во кои е постигната 7ка се: Скопје со вкупно осум постигнати седумки, Битола со четири постигнати седумки, Куманово со две седумки, Свети Николе и Тетово со по една постигната седумка, а од денес и Неготино.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top