Американскиот вицепретседател Џо Бајден денеска изрази жалење за фактот дека исламскиот проповедник Фетула Ѓулен се наоѓа во САД, а не во друга држава, пренесе ТАСС. Бајден ова го кажа по средбата со претседателот на турскиот Парламент Исмаил Кахраман во Анкара.
– Има придвижување во преговорите за екстрадицијата на Ѓулен, но одлуката за неговото предавање на Турција ќе ја донесе Федералниот суд на САД. Жалосно е што Ѓулен се наоѓа во САД, а не во некоја друга земја, рече Бајден, цитиран од турската телевизија НТВ.
Турските власти сметаат дека исламскиот проповедник, кој живее во САД, и негови следбеници стојат зад обидот за преврат во Турција, извршен на 15 јули. Бајден денеска уште и кажа дека денот кога беше извршен обидот за преврат во Турција „15 јули, е истото нешто што 11 септември е за САД“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.