| четврток, 6 декември 2018 |

Георгиев: Груевски официјално нека нè покани на средба, а не преку медиум

Потпретседателот на опозициската СДСМ, Гордан Георгиев негира дека социјалдемократите се подготвуваат за локални избори, а повикот на премиерот Груевски за лидерска средба тие не го земаат за сериозен бидејќи бил упатен преку медиум

Gordan-GeorgievСДСМ останува на ставот за бојкот на локалните избори, но без конкретен одговор дали партијата ќе поддржи кандидатури како таа на нивниот сопартијец, охридскиот градоначалник Александар Петрески.

– Не знам од каде му е на премиерот Груесвки таа информација дека се подготвуваме за избори. Или тој лаже или го лажат неговите од ВМРО- ДПМНЕ – вака Гордан Георгиев за „Република“ ја коментира изјавата на Груевски.

Премиерот вчера изјави дека добива информации од терен дека социјалдемократите се подготвуваат за локланите избори.

За повикот на Груевски  за да се одржи лидерска средба, Георгиев вели дека СДСМ не добила официјална покана од него.

– Каде кажал дека е за лидерска средба? На шоу на телевизија. Ние очекуваме од него лична покана до партијата – вели Георгиев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top