Владо Георгиев ја чува својата трудна жена Милица Самарџија, па никому не му дозволува да и пријде, а камоли да ја фотографира.
Барба пред две вечери видно расположен дошол на премиера на црногорски филм. Со оглед на тоа дека не ги сака медиумите, тој на наговор на пријател едвај испозирал на фото репортерите пред паното. После неколку секунди, тргнал во салата, а фоторепортерите попатно ја забележале неговата невенчана сопруга, која очигледно се обидувала да ја избегне седмата сила. Кога се обиделе да ја фотографираат, Владо почнал да се буни и да драми, па со некои фоторепортери и се расправал.
– Да сакав да се фотографирам со жена ми, би дошле заедно на црвениот тепих, а не посебно. Неа немој да ми ја закачате-порачал Владо на медиуите.
Инаку Милица е во шестиот месец од бременоста, но одлично го прикривала стомакот, кој скоро и не се забелжувал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.