Сириските Курди го осудија денешното навлегување на Турција во градот Џараблуш, кој е под контрола на Исламска држава. Сириските Курди тоа го оценија како „објавување на војна“.
– Турското вмешување во Џараблуш е нарушување на суверенитетот на Сирија и објавување на војна на (курдската) автономна администрација и федералниот систем, изјави Алдар Халил, член на сириската курдска Партија Демократски сојуз.
Во март партијата Демократски сојуз и неколку групи нивни сојузници прогласија федерален систем на администрацијата во северна Сирија.
Турски тенкови денеска ја преминаа границата и влегоа на сириска територија. Тенковите имаа поддршка од воздух од воените авиони на коалицијата предводена од САД против Исламска држава. Турската телевизија НТВ јави дека 20 турски тенкови ја преминале сириската граници и оти има судири во пограничниот регион. Според дел од западните медиуми на сириска територија има шест турски тенкови. Турската артилерија и авиони од утрово напаѓаат цели на ИД во северна Сириј
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.