По неколкуте апели за помош кои се појавија на социјалните мрежи со барања за донации, со соопштение се огласија од Фондот за Здравствено осигурување на Македонија.
– Во однос на апелот за донација за лекување во странство на осигуреното лице З.М., Фондот за здравствено осигурување сака да информира дека лекувањето во странство е одобрено во целост. Решението за лекување е веќе подигнато од страна на родителите, а терминот за прием во реномирана странска болница е утре, во Република Турција во износ од 85.000 долари. Истовремено, сакаме да ги замолиме медиумите пред да ги објавуваат апелите за донација за лекување во странство да го контактираат Фондот за здравство со цел граѓаните кои сакаат да донираат да ги имаат сите релевантни информации, се вели во соопштението на ФЗОМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ако одите на одмор во странство: ФЗОМ со важно известување до сите граѓани
-
ФЗОМ не сака преку медиумите да комуницира со своите партнери, најавува средба со Здружението на приватни гинеколози
-
Гинеколозите ќе издаваат само упати, а ФЗОМ нека лекува пациентки
-
ФЗОМ ќе ја зголеми квотата за овој месец и вкупниот буџет за лекови