Најмалку четворица полицајци на плажата на Англиската променада во Ница, каде што се случи териристичкиот напад кога на Денот на Бастилја на 14 јули камион влета во толпа и усмрти 86 луѓе, натераа муслиманка да ги слече буркините поради забрана за носење.
Shameful — Armed French police order Muslim woman to remove burkini on Nice beach, threatening her with pepper spray pic.twitter.com/BgYm9iOlfv
— سلطان سعود القاسمي (@SultanAlQassemi) August 24, 2016
На фотографиите објавени во јавност се гледа како четворица вооружени полицајци на плажа принудуваат жена да се слече.
Властите на неколку француски градови воведоа забрана за носење костими за капење кои ги прекриваат главата и телото какви што носат некои муслиманки – буркини, а како повод за тоа ги наведуваат недамнешните терористички нападиво земјата, наведува Гардијан.
Откако жената се слекува, еден од полицајците ѝ пишува казна или ја запишува.
Пред неколку дена жена се пожали дека била принудена да го стори истото на плажа во Кан.
Овие два случаја не се изолирани, француските власти се достојни во спроведување на забраната.
Од друга страна, богат алжирски претприемач и политички активист кој живее во Франција, 44-годишниот Рашид Неказ, понудил плаќање на казните на жените кои се казнети според францускиот закон за носење буркини, пренесува Индипендент.
Неказ веќе им ги платил казните на три жени кои носеле бурки, а се обврзал дека ќе плати и други. Тој тврди дека лично е против носењето бурки и хиџаб, но смета дека не е демократски да им се забрани на луѓето да ја носат облеката што ја сакаат.
-Секој нека се облекува како што сака сѐ додека тоа не ја загрозува слободата на другите. Кога гледам дека Франција ги крши основните човекови слободи, го отворам паричникот и ќе им ги плаќам казните на луѓето кои не ги почитуваат навредлвите закони, изјавил алжирскиот бизнисмен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.