| четврток, 6 декември 2018 |

Бејл доби нов договор и поголема плата

Велшкиот репрезентативец Герет Бејл го продолжи договорот со Реал Мадрид до 2021 година. Бејл пристигна во „кралскиот клуб“ во 2013 година од Тотенхем за трансфер од 100 милиони евра, кој беше рекорден до ова лето.

Неговиот првичен договор беше до 2019 година, но со сегашниот договор ќе има зголемување и ќе заработува исто како Серхио Рамос (околу 10 милиони евра). Во Реал Мадрид најплатен играч е нивната прва ѕвезда, Кристијано Роналдо (17 милиони евра годишно).

Во редовите на европскиот шампион е релативно мирно ова лето, единствено се врати Алваро Мората од Јувентус.

Откако го носи дресот на Реал Мадрид, Бејл освои две титули европски шампион, одигра 124 натпревари и постигна 60 голови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top