| четврток, 6 декември 2018 |

Детали за сообраќајката кај Требеништа: Загинатиот мотоциклист бил угостител од Охрид, татко на три малолетни деца

soobrakajka-motor

Едно лице на 42 годишна возраст го загуби животот во сообраќајна несреќа што попладнево се случи во близина на селото Требеништа, на магистралниот пат Охрид – Кичево. Станува збор за лицето К.В. од Охрид, угостител од Охрид, која настрадал откако со моторциклот што го управувал се судрил со камион.

Несреќата се случила попладнево околу 16 часот, по што веднаш бил пренесен во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија каде била констатирана смрт.

K.В. беше оженет, татко на три  малолетни деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top