| четврток, 6 декември 2018 |

Клаудио Браво слета во Манчестер (Фото)

claudio bravo

Голманот на шпанскиот шампион, Барселона, Клаудио Браво е веќе во Манчестер. Откако утрово ја напушти Барселона во 13:10 минути, пристигнат е во англискиот град, јавија медиумите на Островото.

Како што пишуваат, тој веќе во четврток и официјлно ќе стане фудбалер на Манчестер Сити. Ќе се чека два дена бидејќи тогаш во Барселона пристигнува голман од Ајакс, неговата замена Цилесен, а од Барселноа сакаат да бидат целосно сигурни дека новиот голман е во одлична состојба пред да му дозволат на Браво да потпише за Сити.

Чилеанецот Браво, Сити ќе го чини околу 17 милиони евра, а ќе зема плата од шест милиони евра годишно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top