Заклучно со вчерашниот ден на сметката на Црвениот крст се собрани над 740 илјади евра, а поради интерес за донирање на парични средства и реализација на веќе најавени донации од правни субјекти, хуманитарната акција е продолжена до 29 август.
Генералниот секретар на Црвениот крст Саит Саити најави дека по завршување на акцијата, средствата ќе бидат префрлени линеарно на сметките на граѓаните погодени од поплавите.
– Тоа значи дека секое семејство кое ќе фигурира на списокот како настрадано и со последица од поплавите, ќе добие хуманитарна помош затоа што нашите средства се помош, а не се компензација, изјави Саити.
Апелираше до сите хумани луѓе и компании да донираат до крајот на акцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.