Познатата водителка и филантроп Опра Винфри по 15 години се враќа во кино салите со најновиот филм „Батлер“.
Режисер на „Батлер“ е Ли Данијелс, а покрај Опра главната улога во драмата ќе ја игра Форест Витекер.
Инспирацијата за филмот е од статијата во весник на Вил Хејгуд за афроамериканскиот батлер кој служел дури осум американски претседатели.
Премиерата на „Батлер“ е закажана за 18 октомври.
Во филмот се појавуваат и Ален Рикман во улогата на Роналд Реган, Џејн Фонда како Ненси Реган, но и Џон Кјузак, Лени Кравиц, Куба Гудинг Џуниор и Робин Вилијамс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Специјална проекција на филмот „На мапата“ посветен на Тал Броди, кошаркар на „Макаби“
-
„Младешка осаменост“ – хибридниот документарец на Клер Симон во кината низ Македонија
-
Детскиот филм „Господин Мол и фабриката за чоколадо“ во кината низ Македонија
-
„Македокс“: Зимска реприза на филмот „Над возможното“ во кино Култура