Самохрана мајка на четири синови во Калифорнија успеала од еден долар, даден по грешка, да го претвори во добивка на лотарија вредна 14 милиони долари, пишува „Прес 24“. Туан Ли од Санта Ана во Калифорнија заминала во локалната продацница да купи тикет вреден четири долари за „Pauerbol“ лотарија и „Super loto plus“ вреден еден долар, како што прави секоја недела. Но, наместо да уфрли пет долари во машината за чипови, уфрлила шест. Со таа грешка и уфрлениот долар, Ли купила уште еден тикет за „Super loto plus“ кој следниот ден ја направил милионерка.
По дознавањето и првиот шок, маклата отишла во претставништвото во Лотаријата во Калифорнија за да ја потврди добивката. Таа не сакала да се објават нејзини слики ниту пак да дава никакви информации. Таа планира својата награда да ја искористи за купување на куќа, да патува и да ги посети родителите во Виетнам. Продавачот во продавницата од каде што го набавила тикетот, ќе добие 70,000 долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Го исчистил плакарот по подолго време и…нашол лото ливче кое го направило милионер (видео)
-
Освоил милиони и од шок си го заборавил сопственото име и презиме
-
Нивната среќа била со краток здив – проклетството на српските лото милионери
-
Овните да уплатат во вторник, Девиците да го пишат број 4 : Хороскопот ви открива како да добиете на лото!