Корисниците на персоналните компјутери, покрај платформата на своите мобилни телефони, сега можат да ја користат апликацијата “Viber” и преку компјутер, заедно со видео повици и високо квалитетен звук, јавува „А1 он“.
Viber моментно има над 200 милиони корисници ширум светот, а десктоп верзијата со себе ќе донесе и видео повици – нешто што до сега не постоеше.
Меѓутоа, повиците се ограничени на комуникација само меѓу двајца корисници, но наскоро оваа опција би можела да биде проширена.
Испраќањето пораки, исто така, е присутно, а разговорот од телефон на компјутер можно е да се префрли само со едно притискање на копче.
Viber 3.0 доаѓа со неколку нови функции како што се нови „стикери“, нов енџин за глас и сосема нов интерфејс за Android.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.