| четврток, 6 декември 2018 |

Истражување: Македонците на мобилните „висат“ на вибер и фејсбук

Најголемиот дел од корисниците на интернет преку мобилен, 96,3 отсто, користат апликации за комуникации. Најкористена е „Вибер“ (92,2 проценти), по која следат „Фејсбук месинџер“ (84,4 отсто), „Скајп“ (43,5 отсто) и „Ватс ап“ (25,5 отсто). Повеќе од пола од испитаниците ги користат тие апликации за комуникација преку текстуални пораки (73,1 отсто) и преку разговори (71,6 отсто) секој ден

Резултатите од испитувањето на јавното мислење за пазарот на електронски комуникации во Македонија на Агенцијата за електронски комуникации покажува дека бројот на корисници на интернет на мобилен телефон преку мобилен оператор е во константен раст од минатата година и сега изнесува 58,6 отсто.

Најголемиот број од корисниците се помлади од 40 години, но исто така се забележува пораст и кај лица под 50 години.

Најголемиот дел од корисниците на интернет преку мобилен, 96,3 отсто, користат апликации за комуникации. Најкористена е „Вибер“ (92,2 проценти), по која следат „Фејсбук месинџер“ (84,4 отсто), „Скајп“ (43,5 отсто) и „Ватс ап“ (25,5 отсто). Повеќе од пола од испитаниците ги користат тие апликации за комуникација преку текстуални пораки (73,1 отсто) и преку разговори (71,6 отсто) секој ден.

Florence, Italy – March 02, 2014: Apple iPhone 5s screen with instant messaging applications of WhatsApp, Facebook, Telegram..

Анкетата, спроведена на територијата на Македонија на случаен репрезентативен примерок од 1.100 испитаници во периодот од 19 до 29 мај годинава, покажува дека бројот на припејд корисници е намален на 28,8 отсто, а корисниците на мобилен телефон сè почесто телефонираат од мобилен на фиксен кога имаат потреба (37 отсто).

Во анекатата, мнозинството од испитаниците кои не користат интернет преку мобилен телефон (51,7 отсто) навеле дека немаат потреба од мобилен интернет, 37,4 отсто немаат соодветен телефонски апарат, а 23, 8 отсто не знаат како да го користат. Лани 3,5 отсто од корисниците на мобилна телефонија го промениле операторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top