– Мислам дека ќе го имаме задоволството да го гледаме Меси во нашиот дрес. Замислете го Меси на нашиот стадион, со сите тие светски медиуми. Спонзорите што ќе ги привлече можат да направат огромна разлика, а освен сентименталните вредности, тоа може да ни помогне и во исплатата на долговите – изјави денес потпретседателот на фудбалскиот клуб Њуелс Олд Бојс, Кристијан Д’Амико за шпански „Спорт”. Тој е уверен дека ѕвездата на Барселона, Лионел Меси ќе се врати во овој аргентински клуб после Светското првенство во 2018 година во Русија.
Меси ја започна кариерата во Њуелс Олд Бојс, каде настапуваше од 1994 до 2000 година, кога потпиша со каталонскиот гигант.
Сезоната во шпанската Примера лига почна минатиот викенд, Барселона убедливо го совлада Бетис со 6-2, а петкратниот освојувач на „Златната топка”, Меси постигна два гола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.