Милан П. (41) од Шопиќ кај Лазаревац завршил во ваљевскиот затвор, бидејќи мртов пијан возел 17 деца во „застава 101“.
Таткото на шест од децата бил запрен на Ибарската магистрала кога тргнал кон Лајковац за да ги разнесе гостите од свадбата на својот син. Лајковачките сообраќајци не можеле да поверуваат кога ги пребројале малолетниците во стариот темносин „стокец“.
-Стокецот помина покрај нас и немаше ништо да иде чудно да не видевме дека багажникот е отворен и од него ѕиркаат глави, а стрчат раце и нозе. Кога погледнавме поубаво видовме испреплеткани тела на задното седиште. Со ротација тргнавме по стокецот и набрзо го запревме. Тоа што го видовме не беше ништо во однос на шокот кој следуваше. Во возилот заедно со возачот имаше 18 патници. Деата беа на возраст до 14-15 години. Му направивме алкотекст и измеривме 1,58 промили алкохол во крвата на возачот, раскажуваат сообраќајците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.