Туристи има на Јадрамот уште од 19 век, многу пред да се појават автомобилите и вистински улици. Јозефинска цеста, од Карловац до Сењ била изградена во 1779 г., a Терзијанската, по која преку планината Велбит се поврзани Госпиќ и Карлобаг во 1786. Европската буржоазија се труцкала по макадам во фијакери со денови.
Ништо значајно не се променило ниту кога автомобилите кои се броеле на рака ги замениле кочиите. Секој навидум безбеден пат секогаш се претворал во неизвесно патешествие. Пат од 80 км од Карловац до Плитивичките Езера тогаш се минувал за бесконечни 5 часа, што значи дека во тоа време по улиците се возело побавно од 20 км/час.
На патувања подолги од 15о км се одлучувале само богатници, авантуристи и вљубеници во автомобилите.
Масовното летување на Јадранот започнува во втората половина на 20 век, односно по Втората светска војна. Се патувало главно со автобус, но до туристичку бум не дошло спонтано туку со политичка одлука. Тоа се гледа од брошурата од 1949 г. на агенцијата „Путник“, оперативен орган на Комитетот за туризам и угостителство на Валадата на ФНРЈ пишува:
„Нова Југославија им осигура на своите трудбеници, борци за изградба на социјализмот, платен годишен одмор.
Добро искористен годишен одмор освежува и ја обновива силата за понатамошна предана работа. Затоа користењето ан годишен одмор не е само право туку и должност на нашите трудбеници“. Секако, на брошурата не пишува дека во тој аранжман со автобус се патувало со часови на 40 степени, по правливи патишта полни со дупки.
Кон крајот на педесеттите години започнака посериозна модернизација на Јадранската магистрала, во 1958 г. асфалтирана е делницата од Ријека до Задар, во 1964 Светска банка ја финансира изградбата на патот до Дубровник. Во 1963 г. биле воведени спална-вагони на железницата Загреб – Сплит, а пет години подоцна воведен е и превоз на автомобили, а повратна ката за фиќо чинела 258,10 тогашни динари.
Но, автопревозот не значи крај на маките. Во 1979 година Собранието на СФРЈ го донесува Законот за ограничување на употребата и движењето на моторните возила, што во прв план ја загрозува турситичката сезона. Прво е воведен системот пар-непар, а во 1982 г. бонови за гориво.
Приватен автомобил месечно можел да потроши само 40 литри Ако во 1983 година сте сакале со „застава 101“ од Скопје да заминете на намеш море, тоа ќе ве чинело околу 4500 динари, а за споредба тогаш просечната платаизнесувала 17.317 динари. Со штедење „101“ трошел 7,5 л на 100 км, па со месечни бонови можело да се стигне до половина пат. Малку поблиску од половина пат стигнувале сопствениците на фиќо или дијана 6 или рено 4, за цели 100 км. За среќа, боновите се укинат во 1985 г.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.