| четврток, 6 декември 2018 |

И утре променливо облачно со локален дожд и пониски температури

облак

Времето утре во Македонија ќе биде променливо, на места значително облачно и посвежо, со локални врнежи од дожд со променлив интензитет, проследени со ретки грмежи и со засилен северен ветер.

Температурата на воздухот ќе биде значително пониска во однос на претходните денови. Утринската температура ќе се движи од 12 до 18, а дневната од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде значително облачно, доста посвежо и ветровито со засилен северен ветер. Ќе има услови и за повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе се искачи до 24 степени. УВ­индексот ќе изнесува 4.

Слично време се очекува и во среда, а од четврток ќе настапи стабилизирање на времето со постепен пораст на дневната температура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top