| четврток, 6 декември 2018 |

Баш си го забибери – Бразилката со која спиел Болт е вдовица на озогласен наркобос

спринтер

Девојката со која славниот спринтер заврши во кревет после Олимписките игри, не е студентка туку вдовица на озогласениот нарко бос кој беше убиен од полицијата. Усеин Болт, не само што ја изневери девојката и дојде во центар на секс скандал, туку девојката со која се плеткал е припадничка на бразилската наркомафија.

Имено Џејди Дуарт, 20 годишната девојка со која Болт се забавувал во Рио, е вдовица на озогласениот нарко бос, Даглас Донат Париер, познат под прекарот Дина Терор, кој е убиен во престрелка со полицијата.

Како што пишува Дејли Меил, Дина бил еден од најкрволочните и најопасни дилери во Бразил. Пред да биде убиен, полицијата го барала за најмалку 10 злосторства, меѓу кои најмногу се истакнуваат бруталните убиства на две тинејџерки.

Џејди после смртта на сопругот објавувала заеднички фотографии на Фејсбук и пишувала дека едвај чека да се сретнат во рајот.

спринтер2

Сепак љубовта кон убиениот маж не ја спречи да спие со Болт, а откако протекоа фотографиите на Џејди со Болт, девојката рекла дека всушност не знаеле дека се работи за славниот спринтер.

спринтер3

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top