Турските власти ја повлекоа претходната изјава дека самоубиствениот бомбашки напад на свадба во Газиантеп во саботата бил извршен од дете, пренесува БТА.
Премиерот Бинали Јилдирим изјави дека властите се уште се обидуваат да утврдат кој го извршил нападот, при што загинаа најмалку 54 лица, дополнувајќи дека властите не знаат дали бил дете или возрасен. Говорејќи по седницата на владата, турскиот премиер рече дека се уште не се пронајдени индиции за сторителот на нападот.
Претседателот Реџеп Таип Ердоган вчера соопшти дека атентаторот самоубиец бил на возраст меѓу 12 и 14 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.