| четврток, 6 декември 2018 |

И фудбалерите на Барселона жалат за заминувањето на Сер Алекс Фергусон

Серхио Бускетс, Дани Алвеш и Кристија Телјо, сите тројца фудбалери на Барселона, истакнаа дека жалат за заминувањето на Сер Алекс Фергусон во пензија. Иако беа ривали во Лигата на шампионите, играчите на каталонскиот клуб покажаа почит за делото и резултатите на Сер Ферги во Манчестер јунајтед.

– Фергусон е тренер што сите што го сакаат фудбалот ќе го паметат како голем стратег. Неговото пензионирање е загуба за играта. Осовои многу трофеи, а имаше и неверојатно долга одисеа во Манчестер јунајтед – изјави Бускетс.

Дани Алвеш смета дека легендарниот Шкот е идол на многу генерации.

-Тој создаде своевиден мит во фудбалот. Неговиот професионализам даде нови димензии. Ти благодарам Алекс – рече Алвеш. Неговиот соиграч Телјо го искористи профилот на Твитер за да му оддаде признание на сега веќе екс-тренерот на Мен-Ју.

„Му се восхитувам на Сер Алекс Фергусон. Си заминува од Манчестер по цели 26 години во клубот. Легенда“, напиша Телјо.

Денеска „црвените ѓаволи“ од Манлестер и самиот Фергусон објавија дека трофејниот тренер ја завршува кариерата. На клупата на Јунајтед дојде во 1986 година и освои мноштво трофеи, станувајќи вистински симбол за успех.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top