Бурата, што во текот на ноќта го погоди хрватското јадранско крајбрежје, предизвика голема материјална штета, дрвја и гранки носени од ветрот го оневозможија сообраќајот во делови на Сплит и уништија неколку возила, соопштува „Јутарњи лист“.
Во Задар улици се поплавени, а поради силниот ветар, спасувачките служби добиле неколку сигнали за помош од чамци, кои останале во морето. На места во текот на ноќта врнежите достигнаа 90 литри на метар квадратен, а во близина на Лошињ е паднат град со големина на орев. Во Шибеник температурата утрово падна до 20 степени, во Задар и Сплит е 21 степени, а во Дубровник 25 степени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.