С
Дел од православната црвка Преображение Господово во строгиот центар на Сараево била запалена утрово, откако низ прозор била фрлена запалива материја, објавија Независни новини.
Парохот Јадран Даниловиќ изјави дека тој и верниците утрово околу 8 часот, при доаѓањето на богослужба, намириале чад. Веднаш била повикана полицијата и противпожарната бригада, кој го изгаснала оганот.
Даниловиќ изјавил дека во пожарот е направена поголема материјална штета. Полицијата извршила увид. Оваа црква претходно била мета и на крадците, а оваа година во два наврати од неа се украдени икони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.