| четврток, 6 декември 2018 |

Диви свињи и мечка пустошат ниви во дебарските погранични села

Niva

– Во неколку дебарски погранични села дивеч ги пустоши земјоделските посеви. ­ Станува збор за чопор од диви свињи и мечка. Мечката е заштитена, а останатиот дивеч не можеме да го застрeлуваме зашто не е ловна сезона. Доколку не се превземе нешто, целиот труд ќе ни биде за бадијала, вели Дилавер Дема од селото Коњаре.

Тој додава дека сопственици на земјоделски посеви, со пченка и градинарски култури, во атарите на ова, како и селата Спас, Селокуќи, Шулан, кои се во близина на македонско албанската граница, имале средба со дебарскиот градоначалник Ружди Љата и со Началникот на граничната полиција, Регионален центар­Запад, Џелал Љата. На средбата, надлежните ветиле соодветни мерки за заштита од дивечот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top