Шокантно откритие излезе на виделина, а тоа е само една од многубројните приказни за необичните случувања во куќата на авенијата Симор, каде што Ариел Кастро во заробеништво ги држел Аманда Бери, Џина де Хесус и Мишел Најт.
Всушност, соседите на Ариел Кастро, кој цела деценија држел затворени три девојки во куќа во Кливленд, откриле дека виделе три голи девојки како на раце и нозе одат по дворот, додека тројца мажи ги воделе како кучиња.
Соседот Израел Луго кажал дека жена му ја видела сцената, и дури кажал дека случајот го пријавил во полиција, но никој не дошол да провери.
Луго, кој живее неколку куќи оддалечен од Кастро, додал и дека во ноември 2011 слушнал тропање по прозорците на куќата, од кои дел бил покриен со пластични кеси. Тогаш дошла полициска патрола, но само тропнале на вратата и си заминале. Тој кажал и дека во паркот го гледал Кастро со девојче, за кое се откри дека е ќерка на една од киднапираните девојки, но грабнувачот му кажал дека е дете на неговата девојка.
За сите жалби и пријави на соседите кливлендската полиција одговорила дека не се забележани од страна на диспечерите.
Трите девојки биле неколку пати бремени и имале неколку спонтани абортуси поради неухранетост, јавила локалната телевизија Њуз ченел 5.
Британски Дејли Мејл објавил и информација дека во куќата биле родени најмалку пет бебиња и дека тројцата уапсени браќа ги тепале девојките за кај нив да предизвикаат абортус.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.