За да се заштитиме од големи поплави, треба да ги чуваме шумите од дива сеча, порача Ромео Тренов, директор на АД Стопанство на Република Македонија во „Отвореното студио“ на ТВ Нова.
„Коренот не дозволува ерозија на земјата, ги штити ридот или планината кон слевање кон низината. Самите лисја на дрвјата го ублажуваат ударот на капката. Кога ќе падне капката на дрво ја губи својата моќ и се распрснува на помали капки. Мое лично мислење е дека една од препораките за во иднина е дека треба да се зголеми шумската маса. Нормално за да пораснат сосема потребно е да помине време, меѓутоа секоја земја мора да си направи стратегија, особено онаму каде што имаме источна и јужна експозиција, каде нема ни било каква друга вегетација“, вели Тренов.
Тој смета дека е неопходно да биде направена стратегија што ќе создаде заштита на долг рок. Сепак, вели Тренов, од вакви типови на катастрофа нема одбрана, но можеби штетата може да се намали.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.