| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно нападнат во Франција пропратен со извици „Алах Акбар“

Утринава, евреин бил нападнат со нож во францускиот град Стразбург, а сведоци велат дека напаѓачот извикувал „Алах Акбар“.

Жртвата, локално познат како господин Леви, веднаш бил пренесен во болница, пренесуваат локалните медиуми. Тој носел карактеристична облека за неговата религија при нападот, информирала полицијата, и додала дека напаѓачот веднаш бил уапсен.

Мендел Самама, рабин во Стразбург, изјавил дека го посетил Леви во болница и дека неговата состојба е стабилна.

– Молете се за негово брзо закрепнување – напишал Самама на социјалната мрежа „Твитер“.

Засега, никој нема преземено одговорност за нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top