| четврток, 6 декември 2018 |

Чукна часот – еден од најпопуларните ергени во регионот реши да го каже судбоносното да

andrija

Еден од најпопуларните актери во регионот, Андрија Милошевиќ, би требало наесен да заплови во брачните води со својата избраничка Александра Томиќ, пишуваат српските медиуми.

Иако изјавуваа дека бракот не им значи апсолутно ништо, решиле да се венчаат, а двојката би требало да организира скромна венчавка во кругот на пријателите и семејството.

andrija2

-Сигурно нема да прават циркус од венчавката, тие тоа не го сакаат. Не сакаат свадбата да биде медиумски проследена. Решија венчавката да ја организираат во Белград бидејќи тука живеат и тука ја започнаа својата љубовна приказна – рекол извор близок на двојката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top