| четврток, 6 декември 2018 |

Денес почнува исплатата на авансното обесштетување, по 30.000 денари за секое семејство од поплавените подрачја

По 30.000 денари како авансно обесштетување ќе добие секое од семејствата кои беа погодени од невремето кое на 6 овој месец го зафати Скопје и околината. Премиерот Емил Димитриев денес информираше дека во согласност со донесената одлука на вчерашната владина седница, обесштетувањето ќе започне да се исплаќа уште денес.

Тој додаде дека на седницата е одлучено да се зголеми вкупниот износ наменет за авансно обесштетување, од 1,5 милион на 2,5 милиони денари.

Димитриев информираше дека од околу 4.000 извештаи од Комисиите за процена на штетите, досега обработени се податоците за 1.950 семејства. На овие семејства денес ќе им биде извршена исплатата од авансното обесштетување.

Очекувањата се дека до вторник на сите семејства ќе им биде исплатено авансното обесштетување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top