
Јоце Панов периодов никако да здивне од настапи. Секој викенд му е букиран, а неодамна додека ги забавувал стружани, решил среде пеење во стилот на Аца Лукас да наздрави со виски и пура.
Моментот бил овековечен и со фотки кои штипјанецот ги споделил на Фејсбук, а под нив можат да се видат голем број коментари и лајкови од фановите.

Којзнае, ако му се допадне на Лукас како Јоце Панов се преобратил во него самиот, можеби ќе го испочитува Панов и ќе му се заблагодари на коњска кола со картони.

„Кога работите со љубов, нема срам. Секоја чест за сите кои поштено си го заработуваат својот леб, а срам за сите кои крадат од туѓиот леб“, ова на Фејсбук го напиша македонскиот поп пејач, кој веројатно решил да го погледне животот со поинакви очи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


