На големо задоволство на домашната публика Алисон Черути и Бруно Оскар Шмит од Бразил се нови олимписки победници во одбојка на песок откако во финалниот натпревар ја совладаа италијанската комбинација Паоло Николаи и Даниеле Лупо со 2-0 во сетови (21-19, 21-17).
Бронзениот медал им припадна на Александар Броувер и Роберт Миувсен од Холандија, кои славеа со 2-0 во сетови (23-21, 22-20) против Русите Красилников и Семенов.
Турнирот во одбојка на плажа беше еден од најатрактивните и најпосетувани, па мечот за златото го следеа 10.000 гледачи на плажата „Копакабана“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.