| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најубавите музеи во светот?

Посетата на еден град не е целосна ако не влезете макар во еден музеј. За многумина, совршеното туристичко попладне го замислуваат меѓу слики и скулптури. Еве кои се најубавите музеи во светот, во изборот на туристичкиот водич „Баџет травел“.

Лувр

лувр

Средновековната тврдина, раскошна палата и од 1793 година музеј, „Лувр“ е можеби градба со најдолга историја во која се сместила некоја уметничка збирка. А збирката е веројатно најпознатата во светот. За убаво да го прошетате „Лувр“ идеално е тоа да го направите за еден или два дена. Не ја пропуштајте Афродита, уште позната и како Венера Милоска, Мона Лиза на Леонардо да Винчи и скулптурата на Ника од Самотраки.

Метрополитен

метрополитен

Колекцијата на Музејот „Метрополитен“ ги воодушевува посетителите уште од 1870 година. Ако во него минете и цел еден месец, пак нема да стасате да погледнете сѐ. Од праисторија до денес, во него може да најдете ремек-дела од светската уметност, без разлика дали преферирате уметност од античка Грција или Рим или пак модерна уметност.

Музеј Прадо

музеј прадо

Шпанскиот национален музеј во Мадрид е дом на шпанските мајстори, но има и богата збирка на холандски и италијански уметници. Иако во крајот на 18 век е замислен како природонаучен музеј, „Прадо“ во 1819 станал кралски музеј на слики и скулптури. Во „Прадо“ не смеете да ги пропуштите делата на Франциско де Гоја и на Диего Веласкез.

Ријксмузеум

getImageThumbnail.axd

Во Ријксмузеум во Амстердам се наоѓаат најзначајните експонати од златното доба на Холандија. Во новоуредениот простор во последните десет години се вложени стотици милиони евра. Ако сте во Амстердам, никако не смеете да ги пропуштите ремек-делата како „Ноќна стража“ на Рембрант.

Ермитраж

ермитраж

„Ермитраж“ е најголемиот и најпознатиот руски музеј кој се наоѓа во Санкт Петерсбург. Овој музеј е едно од местата кои секако мора да ги посетите, бидејќи чува вредни уметнички дела од антиката, италијанската ренесанса, импересионизмот и модерната.

Ватикански музеи

сикстинска капела

Ватиканските музеи се единствени во градбата, почнувајќи од сдводот кој го насликал Микеланџело. Понесете двоглед за да може да ги проучите сите делови на Сикстинката кепела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top