Во текот на изминатиот ден во Град Скопје се случиле 12 сообраќајни несреќи. Како што информира денеска самостојниот инспектор во СВРСкопје Драган Вељаноски, сообраќајната полиција извршила увид на сите 12 сообраќајни несреќи. Од нив четири се со последица материјална штета, а шест се со последици телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле седум лица. Сообраќајната полиција санкционирала двајца возачи заради необновување регистрација на возилото и еден возач, кој управувал патничко моторно возило без користење безбедносен појас. Санкциониран е и еден возач на мотоцикл, кој го управувал без да носи заштитен шлем, односно кацига. Специјалното возило „пајак“ не отстранило ниту едно возило. /
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


