Со стендап комедијата на Сашко Коцев, вечерва во Македонскиот народен театар почнува хуманитарната акција „МНТ театар на хуманоста и солидарноста“ со која оваа културна институција се вклучува во активностите за помош на поплавените подрачја во скопскиот регион.
Покрај ова, на сцената на Македонскиот народен театар во понеделник ќе биде изведена претставата „Не се клади на Енглези“, во вторник „Сомнително лице“, а во среда „Свадбата на Фигаро“. На 12 септември на програмата е „Брачна игра“, а на 17 септември премиерно ќе биде изведена претставата „Прекината одисеја“ која е во копродукција со Театарот во Полска. Средствата од продадените билети ќе бидат наменети за поплавените подрачја. Раководството на МНТ се надева дека со оваа акција ќе им помогне на граѓаните кои беа поплавени од невремето што на 6 август го зафати скопскиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Каков е Сашко Коцев како татко? Смислување детски песни е чист надреализам, ќе издадам албум или стихозбирка
-
Дедо Мраз дојде и кај нас: Сашко Коцев и Гораст Цветковски делеа подароци за децата (фото)
-
Лила во хуманитарна акција: Во денешно време тоа што ни остана е да покажеме дека сме луѓе !
-
Вака славеше Сашко Коцев за ќеркичката