| четврток, 6 декември 2018 |

Орден за воени заслуги за Одделот за гранични работи и миграции и Единицата за обука и поддршка при МВР

 

Migrants breaking through the cordon of Macedonian special police forces to cross in Macedonia

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска со Орден за воени заслуги ќе ги одликува Одделот за гранични работи и миграции и Единицата за обука и поддршка при Министерството за внатрешни работи.

Орденот за воени заслуги на единицата и на одделот при МВР се доделува за особени заслуги и за исклучителен придонес во зачувувањето на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Република Македонија, како и за зацврстувањето на националната безбедност и сигурноста на македонските граѓани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top