| четврток, 6 декември 2018 |

Херој и по смртта – Германскиот олимпиец кој загина во Рио, спаси четири живота(видео)

Тренерот на германските кануисти Штефан Хенце почина пред неколку дена од повредите здобиени во сообраќајна несреќа во Рио де Женеиро.

Хенце (35) кој како натпреварувач освои сребрен медал во слалом со кану на брзи води на ОИ во Атина 2004 година, помина неколку дена во болница, но почина по операцијата. Германските медиуми пренесуваат дека тој станал херој и после смртта зошто спасил четири животи.

Германските медиуми наведуваат дека неговото семејство одлучило да ги донира неговите органи.

-Срцето, црниот дроб и двата бубрега се успешно трансплантирани. Тој спаси 4 животи, рече портпаролот на бразилското министерство за здравство.

Семејството на Хенце кое допатуба во Рио по несреќата даде согласност за трансплантација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top