Рено Лавиени е актуелен светски рекордер во скок со стап, освојувач на златната медала од Олимписките игри во Лондон и сребрена во Рио – голем шампион кој во спортската арена заслужува само респект. Сепак тој доживеа понижување, какво не заслужуваат ни помали од него.
Еден напад на пречка овој Французин го делеше од тоа да го повтори успехот од пред четири години кога заслужено се окити со злати. Се подготвуваше за финалниот скок, се обидуваше да собере концентрација и сила за подвиг на кој 99,9 отсто од луѓето на светот никогаш нема ни да се доближат. А тогаш доби шлаканица.
Публиката во Рио, како разулавена маса која сака да го линчува, се истури врз него со сета силина, урлале и врескале неконтролирано, какао баш тој да им е крив за се. А крив им е само затоа што најголемиот противник на Лавиени бил Тиаго Браз да Силва.
Рено погледнал во масата, се залетал и ја бутнал пречката. Тиаго Браз де Силва стана нов олимписки шампион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.