| четврток, 6 декември 2018 |

Над 73 милиони млади во светот се невработени

Над 73 милиони млади луѓе во светот се без работа и се очекува ситуацијата да продолжи да се влошува, соопшти Меѓународната организација на трудот. Во извештајот на оваа организација се истакнува дека 73,4 милиона луѓе на целиот свет на возраст меѓу 15 и 24 години ќе бидат без работа до крајот на оваа година. Тоа е зголемување од 3,5 милиони по 2007 година.

Во моментов на глобално ниво невработени се 12,6% од младите и се очекува раст на 12,8% до 2018 година.
Ситуацијата во Европа малку ќе се подобри, но младешката невработеност најверојатно нема да падне под 16% до 2018 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top