
Муслиманските родители барале укинување на свинското месо во кантината во едно училиште во Дорвал, предградие на Монтреал, а градоначалникот експресно го одбил нивното барање и преку соопштение им објаснил зошто во кантините во училиштата и во иднина ќе има свинско месо.
„Муслиманите мора да сфатат дека тие се луѓето кои мора да се приспособат на Канада и на Квебек, на нивните обичаи, традиции, начинот на живот, затоа што самите избрале да се доселат тука. Треба да сфатат дека тие се тие кои мора да се интегрираат во Квебек и да научат да живеат во градот“.

Понатаму, градоначалникот во соопштението вели:
Мора да сфатат дека ТИЕ мора да го променат начинот на живот, а не Канаѓаните кои великодушно ги примија во својата држава. Мора да сфатат дека Канаѓаните не се расисти, ниту пак ксенофобични – имаат прифатено многу мигранти и пред муслиманите да пристигнат (нема обратно, во муслиманските држави не прифаќаат немуслимански мигранти).
Како и другите народи, Канаѓаните не се подготвени да се откажат од својот идентитет и култура. Не е градоначалникот на Дорвал тој кој ги прифаќа мигрантите, туку мигрантите ги прифаќа канадскиот народ во целина.
На крајот, тие мора да сфатат дека во Канада, со своите еврејско-христијански корени, божиќни елки, цркви и верски фестивали – религијата мора да остане лична работа. Општината Дорвал има секакво право да одбива какви било отстапки на муслиманите и на шеријатот.
Муслиманите кои не се согласуваат со секуларизмот и не се чувствуваат пријатно во Канада, имаат прекрасни 57 муслимански држави во светот, а повеќето од нив нема доволно население и се подготвени да ги прими во халал прегратка во склад со шеријатот.
Ако сте ја напуштиле својата земја поради Канада, а не поради друга муслиманска земја, тоа е веројатно затоа што сте сметале дека животот во Канада е подобар од земјата од којашто доаѓате“, објаснил градоначалникот на Дорвал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



