Во болниците во САД сѐ почесто оперира посебен хирург со неколку раце кој се вика Да Винчи. Станува збор за робот кој минатата година е употребен во повеќе од 370 илјади операции.

Роботот Да Винчи се користи и во други земји, така што бројката стасува и по пола милион операции, што е тројно повеќе од пред четири години. И додека многу лекари ја поздравуваат употребата на роботот, тврдејќи дека им ја олеснува работата, критичарите тврдат дека не треба да се игнорираат бројот на компликациите кои се случуваат кога оперира Да Винчи.
Жител на Чикаго, Хуан Фернандез почина од компликации по операцијата која се извршила со помош на роботот. За време на операцијата на Фернандез случајно му биле засечени цревата. Неговото семејство тужело и добило оштета.
Хирургот кој го оперирал Фернандез првпат оперирал со помош на Да Винчи.
Скоро четвртина американски болници има барем по еден робот Да Винчи кој се користи во операциите на простата, жолчната ќеса, цревата, срцевите залистоци како и во трансплатација на органите. Хирурзите велат дека следењето на командите пред мониторот не ги заморува толку колку што ги заморува стоењето во операционата сала. На Да Винчи не му се тресат рацете како на живите луѓе и додаваат дека прецизноста и перфекциајта во шиење на крвните садови е апсолутна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


