Саботната дождовна апокалипса над Скопје, на тажен начин на цела Македонија ѝ го откри постоењето на селата на просторот кој во последниве седум-осум години се нарекува скопска обиколница, а инаку во повеќе научни, па и уметнички публикации (најмногу во однос на етнологијата, фолклорот и носиите) се нарекува скопска Блатија. Всушност, сега поплавените села, главно „нанижани“ на низата од приградската автобуска линија „65“: Синѓелиќ, Стајковци, Црешево, Смилковци, па и повисоко во планината сместените Виниче, Булачани и Раштак, постојат и денес и низ историјата на своевидниот географски премин меѓу планината Скопска Црна Гора и скопската Блатија, пишува „Дневник“.
Три големи дола и неколку помали засеци биле фатална патека по која од падините на Скопска Црна Гора почнала да оди водената стихија, во која животите ги загубија најмалку 22 граѓани во повеќе населби и села во Скопско.
Голите падини на врвовите на оваа висока планина практично биле „лизгалка“ на која најмногу удрила водената бомба и која веднаш потоа почнала незапирливо да се тркала надолу. Kотата од речиси илјада метри надморска височина, каде што насобраните облаци најмногу го истурија сиот дожд што го носеа, овозможила водата да се слее надолу, при што буицата тргнала по својот природен пат надолу.
Поопширно во печатеното издание на Дневник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.