Откако нејзината сестра Ким Кардашијан пред некој ден откри од кој здравствен проблем боледува и зошто прима инјекции, Кендал Џенер во понеделникот исто така откри дека боледува од нешто: се работи за трипофобија, односно ирационален страв од мали дупчиња, неправилни форми или испапчувања.
-Сите кои ме познаваат знаат дека од многу мала имам трипофобија, го почна своето сведочење 20-годишната девојка.Трипофобните луѓе стравуваат од мали дупчиња наредени по неправилен редослед. Нештата кои можат во една секунда да ме „извадат од памет“ се палачински, чешел или најлошо-лотосов цвет. Звучи смешно, но многу луѓе всушност страдаат од оваа болест! Не можам дури ни да гледам во мали дупчиња-од тоа сум најмногу анксиозна. Којзнае што има таму???, вели Кендал.
Кендал исто така страда од анксиозност! Во неодамнешната епизода “Keeping Up With the Kardashians”, Крис или така наречената „мамаџер“ мораше да одлета во Париз бидејќи Кендал имаше тежок напад на паника.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.