| четврток, 6 декември 2018 |

Утрово нови апсења во Турција

turcija apsenje

Турската полиција утрово извршила претреси на повеќе од 100 локации во Истанбул во рамките на истрагата за минатомесечниот неуспешен обид за пуч, јави агенцијата Доган. Во акцијата уапсени се неколку лица.

Агенцијата наведува дека се трага по симпатизери на движењето Фетулах Ѓулен, кој живее во САД, а кого турските власти го обвинуваат дека е организатор на пучот.

 

Премиерот на Турција Бинали Јилдирим синоќа објави дека во земјата се приведени вкупно 40.029 луѓе во рамки на истрагата, а речиси половина од нив и формално се уапсени.

Во неуспешниот пуч на 15 јули загинаа 240 луѓе, најголем број цивили а ранети беа 2.000 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top