Од почетокот на новата учебна година, учениците во Франција ќе слушаат нов предмет преживување терористички напад. Силните безбедносни мерки и натаму се во сила во Франција, а дополнувањето на образовната програма е само една од новите мерки, објави денеска хрватски „Индекс“.
Од септември, француските ученици ќе учествуваат во вежби за да научат што треба да прават во случај на терористички напад. Досега во училиштата добиваа совети во брошури. По последниот голем напад во Франција, кога терорист со камион прегази и уби десетици луѓе во Ница, безбедносните мерки се кренати на највисоко ниво. Освен построгиот надзор на образовните и верски установи, ова лето во Париз се затворени и летните кина и голем број манифестации на отворено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.