| четврток, 6 декември 2018 |

Тодоров: На сите хронично болни до врата им носевме лекови

Од понеделник ќе се започне со дератизација, а покрај тоа се преземаат сите потребни мерки за де се превенира ширење на заразни болести, вели вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров во гостувањето во Отворено студио на ТВ Нова.

На Клиника за сега има тројца хоспитализиран лица, што како што вели Тодоров, е ниска бројка.

-Ние на почетокот испразнивме еден дел од Клиниката, за реорганизиравме во инфективна клиника и направивме еден посебен дел од Клиниката кој ќе биде наменет само за поплавените потракај, за недај Боже да има потреба. Ние искрено очекувавме епидемија, тоа го велеа експертите. Таква е ситуацијата каде што ги има сите предуслови за епидемија и затоа испразнивме еден дел и бевме спремни во случај да има епидемија, вели Тодоров.

Лекови беа обезбедени, вели Тодоров и додава дека биле целосно спремни.

-Направивме пунктови со сите можни лекови и ги посетивме сите хронично болни дома. Со системот мој термин точно знаеме кој е хронично болен и точно знаеме кој хронично болен што терапија прима. Така да дома кога ги посетувавме ги прашуваме дали ја имаат терапијата и ако ја немаа ја дававме. Да го немавме системот тоа немаше шанси да го знаеме, вели Тодоров.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top